Пазарот во Кочани скап, народ има – побарувачката слаба

Убавото време ги измами граѓаните во Кочани да го посетат денеѓниот пазарен ден. Раздвиженост имаше, проозводи исто така меѓутоа според продавачите побарувачаката е слаба. Се бележи благо покачување на цените на раноградинарските култури според нив, па најверојатно затоа граѓаните само прашуваа, а не купуваат.

„Цената е благо покачена, благо, незначително во однос на оние трошоци кои се рапидно зголемени. Но, се трудиме да бидеме по мерка на нашите потрошувачи“

Споре купувачите производи на пазарот има, но цените се многу високи, па затоа го купуваат само најосновното и пред сѐ поефтиното.

„Побарувачката е добра, продавачи има, купувачи има меѓутоа цените драстично растат и на зелениот пазар и во продавниците. Пазарот е скап“

Ова е претпоследниот пазар во Кочани пред глемиот празник Велигден. Продавачите велат дека најави за дополнително покачување на цената на производите за сега нема.

Лаура Стојанова М-Нет