Две нови субвенции за набавка на пелети за огрев и полагање возачки испит, ќе бидат воведени во Општина Карбинци

Две нови субвенции за набавка на пелети за огрев за домакинствата и полагање возачки испит ќе бидат воведени во следниот период во Општина Карбинци. Градоначалникот на општината Виктор Паунов истакна на овие мерки се работело месец дена, а предвидено е да бидат објавени во текот на месец септември. Тој потенцираше дека за набавката на пелети субвенционирањето ќе биде во висина околу 12 000 денари, а субвенционирањето за полагање возачки испит 10 000 денари по лице.

,,Ја информираме јавноста дека Општина Карбинци воведува неколку новитети коишто се во интерес на граѓаните на жителите на Општина Карбинци. Имено, се работи за две нови субвенции коишто во следниот период ќе бидат имплементирани во Општина Карбинци. Едната од нив е субвенционирање за набавка на пелети за огрев за домакинствата. Ова е мерка којашто подолго време ја размислувавме, ја ветивме во програмата и ќе биде предмет на имплементација во следниот период. Се планира некаде месец септември да биде објавен овој повик, а она што ќе биде вклучено во повикот же бидат објавени претходно документите за истото. Веќе Општината работи месец дена на оваа мерка, ќе се работи за субвенционирање некаде од висина од 20% или не повеќе од 12 000 денари по домакинство што сметаме дека навистина е од голема помош и поддршка за граѓаните оваа мерка” , рече Паунов

Како што истакна градоначалникот Паунов, втората мерка за полагањето возачки испит, се планира да биде воведена во периодот од следната година. Во оваа мерка , како што вели, ќе бидат опфатени младите, на возраст од 18 до 25 години.

,, Онаа втора мерка којашто сакам денес да ја најавам, а ќе биде имплементирана во периодот од 2027 година, исто така суштински важна за целна група, еве младите од Општина Карбинци ќе биде субвенционирање за полагање на возачки испит. Ќе бидат опфатени младите луѓе од возраста од 18 до 25 години, а она што е важно е дека Општината го субвенционира трошокот за полагање возачки испит Б категорија во висина од 10 000 денари по лице, кое исто така очекувам дека еве со оваа мерка ќе можеме да помогнеме пред се на домашниот буџет на секое лице коешто ќе ја користи, но од друга страна и ќе стимулираме секое едно младо лице се стекне со возачка дозвола и да се намали еве бројот на возачи коишто управуваат моторно возило без претходно соодветни документи” , додаде Паунов

Градоначалникот Паунов смета дека двете мерки се од голема помош и поддршка за граѓаните на Општина Карбинци и за домашниот буџет, како и за стимулирање на младите, при тоа стекнување на возачка дозвола и намалување на бројот на возачи без соодветни документи.

Иван Митев, М-Нет