Две нови машини за чистење снег од тротоари доби Општина Штип преку хуманитарецот Александар

Две модерни машини за чистење снег ( за тротоарите ) како донација добива Општина Штип преку хуманитарната организација на големиот штипски хуманитарец Александар Горгиевски, во периодот кој следи тротоарите во Штип ќе се чистат на многу полесен начин и рачното чистење со метли ќе е минато. Донацијата е обезбедена од наш сограѓанин Маријан Попадинов, кој моментално живее и работи во Швајцарија машините денеска пристигнаа во Штип и во координација со градоначалникот на Општина Штип истите се предадени на ЈП Исар. Ова е прва донација од ваков тип за градот под Исарот, но како што додаде Горгиевски не и последна. При разговорот со Александар Горгиевски потенцирано ни е дека преку Маријан Попадинов годинава ќе се обезбедат уште три вакви машини со што ќе се олесни начинот на работа и чистење на тротоарите од снег на јавните претпријатија .