Водоснабдувањето во штипските населби Баби и Пребег ќе се стабилизира најдоцна до утре

Со шишиња и туби жителите од населба Пребег во Штип утринава се снабдуваа со техничка вода. Повеќе од 24 часа се оставени без вода за пиење, па велат дека ситуацијата е надвор од контрола, на високи температури да останат без капка вода на чешмите.

Заради тековно одржување на филтрите и зголемената потрошувачка на вода овој период во повисоките делови од градот дојде до прекин во водоснабдувањет, вели директорот на ЈП Исар, Кирил Зајков. Додава дека веќе утре вода ќе има.

„Тековното одржување се одвиваше во мониторинг со изведувачот на самата филтер станица однодно оперативно оти филтер станицата оперира со шест филтри. Се изврши одржување на сите шест филтри. Постапката на самиот процес беше во поизција да од период од денот од шесте филтри два беа во постапка на одржување однонсо на сервисирање . Поради тоа повисоките делови во Штип останаа со помал притисок на вода. Се надеваме дека денес ќе заврши постапката и веќе од утрешниот ден комплетно сите шест филтри ќе бидат ставени во функција“ – вели Зајков.

И во оваа прилика апелираше до граѓаните рационално да ја користат водата со цел да може да ја имаат сите. Истовремено упати извинување до штипјани оти на високи температури останаа без вода за пиење.

Лаура Стојанова М-Нет