
Два метри должина и метар и 20 сантиметри широчина ќе биде традиционалната џиновска пастрмајлија и оваа година. Во пресрет на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ се прават последните подготвоки пред да започне попдготовката на џиновска пастрамајлија во петок наутро. Обезбедени се 15 килограми свинско месо и сите останати состоојки за подготовка напастрамајлијата.
„Пастрмалијата е со стандардни димензии од два метри должина и метар и 20 широчина. За неа ќе употребиме 15 килограми месо, свежо свинско месо и околу 30 килограми тесто, три литра масло и зачини. Ние секако ќе се екипираме ќе ни треба еден час да ја приготвиме, да ја направиме и ќе ја печеме околу 30 до 35 минути.“ – вели Малинов.
Искусен мајстор е дел од тајната за добра и вкусна пастрамајлија, вели Манилов. Додава дека Штип е познат по пастрамајлијата дециден дека во Штип се праваат најдобрите и највкусни пастрмајлии.
„Тајната за добра пастрмајлија е секако мајсторот да е искусен. Ние тоа го имаме традиционално 20 години о се надевам дека и оваа година ќе биде добро приготвена и испечена. “ – додава Малинов.
Со сечењето на џиновската пастрмајлија во петок точно напладне започнува овогодинешното издание на Штипската пастрмалијада.
Лаура Стојанова М-Нет