Двајца штипјани уапсени кај Три Чешми поради кражба

На 12.10.2020 во 12.00 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај населбата Три Чешми, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.З.(42) и К.И.(52), двајцата од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.