Да има пари барем за семки – штипјани децидни потребно е поголемо покачување на пензиите

Ново покачување на пензиите треба да има, децидни се анкетираните пензионери на терен во Штип, со оглед на фактот дека инфлацијата постојано расте, а цените на производите во маркетите од ден на ден се се повисоки. Велат дека со денешните примања, односно минимални пензии може да купат само семки. Тешко се преживува месецот, бидејќи пари има само за сметки и лекови. Ако се прашуваат тие, децидни се дека покачувањето треба да биде поголемо.

„100% треба да покачат, а не 5% како што беше до сега. Тоа не е покачување, инфлацијата е голема, цените се се повисоки, а нашите пензии останаа исти. Многу тешко е да се преживее со една пензија“ – велат граѓаните на теренв

Во меѓувреме од Министерството за труд и социјална политика најавија ново покачување на пензиите од месец март. Со тоа 335 илјади пензионери на сметка ќе добијат повисоки пензии, но се уште во тек е пресметката за тоа колкави биле трошоците за живот во изминатиот период. Усогласувањето на пензиите ќе се знае и ќе зависи по официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Усогласувањето на пензиите е обврзно за било која полтичка гарнитура и тоа мора да се случува два пати годишно. 

Лаура Стојанова М-Нет