
Ракометните суперлигаши продолжуваат со промовирање на нови играчи за новата сезона од Суперлигата.
Пролет за новата сезона се засили со голманот Златко Даскалоски, откако искусниот голман стави потпис на соработка со ракометниот клуб Пролет од Скопје.
Даскалоски во следните две сезони ќе го носи дресот на Пролет, а покрај обврските со првата екипа овој искусен чувар на мрежата ќе помага во равојот на голманите во младинска школа на суперлигашот од Скопје..
Даскалоски е поранешен репрезентативец на Македонија, голман со богато искуство како на домашната така и на меѓународната ракометна сцена. Тој доаѓа во Пролет од редовите на Голден Арт, претходно настапуваше и за Бутел и за Вардар, додека од меѓународното искуство има настапувано во Црна Гора, Франција и Романија.
Струга се засили со Никола Летиќ кој во градот покрај Охридското Езеро доаѓа од редовите на Херцеговина од Невисиње. Новото засилување на Струга има 20 години, младински репрезентативец на Босна и Херцеговина, а пивотот е прво засилување во редовите на Струга, но и големо засилување.
Во следниот период се очекуваат уште промовирање во тимот на Струга за новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет