
Три борачки на боречкиот клуб Олимпија од Штип викендот учествуваа на Меѓународен турнир во Беград, Србија каде освоија два златни и еден сребрен медал во слободен стил борење.
Андреа Нисева во категоријата 62 килограми У-15 без проблеми и потешкотии стигна до првото место, каде ја потврди својата одлична форма.
Златен медал освои и Анастасија Трајчева која била прогласена за најдобра борачка на турнирот.
Марија Нисева на турнирот во Белград го освои второто место и се закити со сребрен медал.
Во следниот период следуваат подготовки во Дојран, а потоа следуваат контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата за Балканијадата.
Големи успеси за младите борачки на БК Олимпија, кој во следниот период ќе ја темпират формата за следните предизвици кои се пред нив.
Александар Ванев, М-Нет