
Второлигашот ФК Скопје го засили својот ростер во пресрет на продолжението од сезоната во ВМФЛ, откако искусниот фудбалер Дарко Глишиќ ќе ја продолжи кариерата во нова средина, повторно облекувајќи го дресот на клубот од главниот град.
Глишиќ е добро познато име на македонската фудбалска сцена, со богато искуство стекнато низ настапи за екипите на Вардар, Напредок, Тетекс и Гостивар, а за него ова нема да биде прва епизода во Скопје, со оглед дека и претходно бил дел од овој клуб.
Покрај домашното искуство, Глишиќ во својата кариера има и значаен интернационален ангажман. Настапувал во Кипар, како и во Бугарија и Грузија, каде што ги носеше дресовите на Докса, Арда Карџали, Септември Софија и Динамо Тбилиси, додека во Босна и Херцеговина беше дел од тимот на ОФК Олимпик.
Со неговото доаѓање, ФК Скопје добива фудбалер со искуство, стабилност и лидерски карактер, што треба да биде од големо значење во борбата за остварување на целта – Прва лига.