
Досегашниот шеф на стручниот штаб на ФК Слога од Виница, Даниел Стојановски си поднесе оставка. Клубот му искажа голема благодарност, бидејќи според нив истиот во изминатиот период прифати да го води клубот во тешки моменти. Во изјава за клубот Даниел Стојановски рече дека ја
презема одговорноста за лошите резултати и се повлекува од шеф на стручен штаб. Исто така, се заблагодари на раководството за добиената шанса да ја води ФК Слога 1934 Виница. Тој изрази благодарност до виничката публика и до фудбалерите за нивниот труд.