
Брегалница денес го отвара 12. коло од Првата македонска фудбалска лига со мечот против Академија Пандев, кој се игра на Градскиот стадион во Штип.
Меч каде трите бодови се императив и за двете екипи со цел излез од резултатската криза.
Ндерим Тефику од Куманово ќе биде главен судија на денешниот натпревар, а ќе му помагаат Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски од Кичево. За четврт судија е делегиран Фуркан Идризи од Тетово.
Жанко Савов од Скопје ќе биде делегат, а пак Благој Шуклев од Стојаково ќе биде контролор на мечот, кој ќе започне во 14:00 часот.