
Дали припејд или постпејд е подобро за користење на телефонските услуги, беше денешната тема на која разговаравме со граѓаните на Штип. Според анкетираните граѓани, поголем е процентот на корисниците на мобилните технологии со услугата постпејд.
“На претплата, одиме и си плаќаме колку сме зборувале. Месечно плаќам по 250 денари, а многу не го користам, економски сме слабо. Зависи ако многу зборувате, не е многу исплатливо. Ако имате многу да платете, тогаш немате доволно пари и сметам дека не е добро.“, велат граѓаните
“Пензионерски исто, до 500 денари сум и јас“, додаваат граѓаните
“На претплата сум, добро ми е давам по 500 или 600 денари, а пишува во фактурата дека има бесплатни нешто. Претежно дома ги користам за филмови, новости дневни или спортски и слично, додека надвор кога излегуваме е веќе друга опција, врти тркалото“, истакнаа граѓаните
Покрај граѓаните на општината, лицата кои мигрираат во странство велат дека кога се во државата тие користат припејд.
“Не знам, јас си дојдов вчера и денеска ќе направам, затоа не знам како се движат цените со дополнувањето. Бевме порано исто на дополнување и мислам дека беше добро, се исплаќаше, а сега не знам како е. Моментално мислам дека е најисплатливо со дополнување да си земете, бидејќи не сум овде и на претплата не би склучил договор.“ истакнаа граѓаните
“Имаат друг број, чуват, па потоа кога доаѓаат овде го активираат тој број.“, додаваат граѓаните
Владата во текот на вчерашниот ден објави дека мобилен оператор од Унгарија испратил писмо за намери за формирање на трет мобилен оператор во Македонија.
Лаура Стојанова, М-Нет