
По прилогот пред два дена за доделување на благодарници од страна на хуманитарната организација „Подај рака спаси живот“ и Општина Штип на работниците кои доброволно се вклучија во реализација на проектите, следуваа низа негативни коментари на социјалните мрежи. Имено, предност се даваше на финансиските средства кој легнале на смета на оваа хуманитарна организација и од каде се истите. По тој повод хуманитарецот Александар Ѓорѓиевски денеска со извадени потврди од сметката на организацијата и неговата лична сметка покажа јавно дали и колку пари легнале на овие две сметки во изминатиов период.
„Веќе неколку месеци сум мета на напади од лажни профили зад кои стојат луѓе од СДСМ, предводени од советничката група на СДСМ, а се насочени лично кон мене, кон градоначалникот и кон мојата хуманитарна организација. Тие тврдат дека јас сум зел некакви пари од Општина Штип, јас сум перел пари преку организацијата. Еве сега ќе извадам извештај и на граѓаните на Општина Штип ќе презентирам колку тоа пари сум примил јас од Општина Штип, и колку пари сум „испрал“ преку мојата хуманитарна организација“ – кажа Ѓорѓиевски.
По добиените извештаи од банките во кои се наоѓаат сметките на организацијата и неговата лична сметка, Ѓоргиевски посочи дека од почетокот на оваа година ниту еден денар не се слеал на неговите сметки.
„Наведуваат дека градоначалникот на Општина Штип ми дал некои пет илјади евра па да бидам малку појасен и за тоа. Секоја година Буџетот на Општина Штип одвојува парични средства за здруженија. Јас како и секоја друга организација на тој оглас сум се јавил и сум аплицирал. Ако на огласот се пријавиле девет, сите девет организации добиле некакви парични средства од Општина Штип. Јас најодговорно тврдам дека еден денар на мојата сметка од хуманитарната организација пари се нема слеано“ – додаде Ѓорѓиевски.
Во оваа прилика Горгиевски истана дека зад себе има оставено само дела, а не празни зборови. Во проектот за реконструкција на ТППЕ Штип ниту една од донациите не легнала на сметка на организацијата, истовремено и за прокетот за ридарска чешма. Александар додаде дека е подготвен на дебата со било кој од советниците од СДСМ за овие нешта да бидат многу појасни.
Лаура Стојанова М-Нет