Гужва на првиот петок од Март на пазарот во Штип, цвеќињата и зелената салата се трошеа најмногу

Гужва и голема побарувачка на првиот петок од Март на пазарот во Штип, граѓаните во потрага по свежи производи. На ден пред 8 март, најмногу се бараа цвеќињата, зелената салата, компирот и свежата кромид, кои ги имаше речиси на секоја тезга. Граѓаните велат цените се високи, но и реални, бидејќи како што велат не е лесно производството. Кога месечните примања би биле повисоки, тие се децидни и пазарот ќе биде евтин.

Продавачите дури од Лесковица, кој не пропуштаат ниту петок, од пазарот велат побарувачката е навистина голема. Децидни се и тие дека најмногу се бараат зелените салати и младиот кромид.

Дополнително купувачите купуваат многу свежи јајца, домашни зачини, мед, јаболка и мандарини, се припремаат и за празникот 8 ми март и за предстојната седмица.

Иван Митев, М-Нет