Граѓаните скромно ќе го одбележат празникот Задушница, високите цени не дозволуваат многу

Во пресрет на празникот Задушница граѓаните со подготовки за достојно да го одбележат. Меѓутоа, сѐ понискиот животен стандард и секојдневните растечки цени во маркетите не го дозволуваат тоа. Штипјани се со став дека се’ е скапо, па веќе не исто како во годините претходно.

Последните подготовки ги прават и екипите на ЈП „Исар“, кои ги косат и чистат градските гробишта. Директорот Трајче Здравков од 1 јули најави и редарска служба, која редовно ќе ги одржува и уредува гробиштата.

„ЈП „Исар“ пред претстојниот верски празник ги врши последните подготовки за да биде теренот чист како што доликува на едни градски гробишта во Штип. Исто така сакам да напоменам дека од 1 јули веќе ќе има формирано посебна служба на градските гробишта којашто ќе се грижи за чистење, метење и хортикултурно уредување на истите. Ставаме приоритет на градските гробишта за да бидат чисти и уредени. Понатаму ако има потреба, и ќе ја надоградиме службата“, истакна Здравков.

Граѓаните заклучуваат дека да се купи нешто мора, но тоа овојпат ќе биде скромно, со запалена свеќа и молитва, бидејќи животните услови не дозволуваат многу. Според Законот за празниците утре, 10 јуни, петок пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Ребека Спасова М-Нет