Ќе опстојат ли житните култури годинава?

Ќе опстанат ли житните култури годинава? На државата ѝ се предвидува недостиг на пченица, кои заедно со оризот може да опстојат. Меѓутоа, проблемот е во тоа што последниве години се сушни, а проблем е и системот за наводнување.

Високите температури се проблем и за сончогледот. Ретките врнежи од дожд помагаат, но не се доволни. Насеани површини има сѐ помалку, особено во Овчеполието каде и нема системи за наводнување.

Високите трошоци се уште поголем проблем, а Владата има ветувања за субвенции, но дури за наредната година.