Горан Тодорчев нов тренер на второлигашот Вардар од Неготино

Второлигашот Вардар од Неготино го назначи Горан Тодорчев за нов шеф на стручниот штаб.

39-годишникот своето деби на клупата на Вардар ќе го има веќе викендот во рамки на 5. коло од ВМФЛ кога на Градскиот стадион во Неготино ќе гостува ланскиот прволигаш Скопје.

На првите четири натпревари Вардар има 3 порази и една победа со три бода на своето конто.

Тодорчев доаѓа на местото на Љупчо Димитковски – Гањо кој си даде оставка по поразот на Вардар во Струга од Караорман во рамки на 3. коло.