Нови 50 паркинг места за штипјани со пуштањето во функција на Б паркинг палтформата

Пуштена е во употреба новата паркинг платформа во централното градско подрачје во Општина Штип, спрема театарот, кај Здравниот дом „Панче Караѓозов“.  Со ова се нуди поголем простор за паркинг усуга, и делумно решавање на проблемот со слободни паркинг места во градот под Исарот. Штипјани секојдневно се соочени со недостатокот од слободен паркинг простор, бидејќи да најдете слободно место за вашето возило е игра на среќа. И покрај тоа што истиот се наплаќа, тоа не е проблем од голем размер во споредба со изнаоѓањето на слободен паркинг. Надлежните солуција за овој проблем со паркингот наоѓаат во изградбата на нови платформи. Од кабинетот на градоначалникот на Штип, во писмена изјава за М-Нет телевизија истакнаа дека

„Платформата е градба од втора категорија и овие градби се ставаат во употреба по добивањето извештај за извршен технички преглед од надзорен инжињер. Ваквиот извештај од овластено лице е добиено во Општината на 23 ноември минатата година што значи дека платформата е ставена во употреба“

Но, за да на истата може регуларно да се паркираат возила и да се наплаќа за паркинг услугата потребно е да стапи на сила, да помине на Седница на Советот на Општината. На 44та седница на Советот на Општина Штип која се одржа на 17 овој месец, по разгледување на 27те точки беше и пуштањето на сила употребата на Б платформата. Од вчера таа функционално си работи и се наплаќа услугата. Во разговор со директорот на ЈП „Стипион“, Протогеров, тој ја потврди информацијата за функционалноста на оваа платформа.

„ Новата паркинг палтформата ни е предадена нам на ЈП„Стипион“ и од вчера таа е во функција. Граѓаните на Штип можат да ја користат да ги паркираат своите возила и регуларно се наплаќа паркинг услугата. Со тоа се обезбедуваат дополнителни 50 паркинг места од кои 4 се за инвалидни лица, а останатите 46 за сите други возила. „ истакна Протоѓеров.

На ниво на Општина Штип поточно во централното градско подрачје на располагање има околу 700 паркинг места и сега овие од новата платформа дополнителни 50. Со тоа се очекува да се реши проблемот со паркирањето бидејќи често пати се случува возачите своите возила да ги паркираат на места кои не се за таа намена, на тротоарите и да го оневожможат нормалното движење на пешаците. Во Штип има доста улици на кои се паркира а нема обележано паркинг простор, но како што кажа Протогеров станува збор за улици кои се надвор од централното градско подрачје, а тие како претпријатие работат само во центарот на градот под Исарот. Исто така тој истакна дека доколку има потреба ќе се работи на градењена нови платформи или обележување на нов паркинг простор но целото тоа ќе се одвива постепено. За наплата на паркинг услугата граѓаните може да ги користат постоечките начини, односно со наплаќање директно на вработените лица, купување билет од најблиската трафика или пак преку смс порака. Можност има да се купат и месечни или годишни билети, за станарите кои живеат во централното градско подрачје или за граѓаните кои работат таму. Доколку користите паркинг услуга а не платите за истата се поставува блокатор за чие отстранување се наплаќаат 700 денари.На  Првиот ден од пуштањето на паркинг платформата беше псотавен и првиот блокатор.

Лаура Стојанова М-Нет