Голови на сите натпревари во Втората лига – убедлив триумф на Слога Виница, реми во Прилеп

Денес се одиграа натпреварите од второто коло во Втората македонска фудбалска лига, а на сите мечеви беа постигнати погодоци.

Шкендија Арачиново славеше на домашен терен против Охрид со минимални 2:1 со пресврт, во пренос што може да го следите на М Нет Телевизија. Кожуф со сигурни 2-0 ги освои бодовите против Новаци, додека Осогово славеше со ист резултат против Преспа на домашен терен во Кочани.

Во Прилеп, Победа и Каменица Саса одиграа возбудливо реми 2-2, а Слога Виница приреди вистинска голеада, убедливо совладувајќи го тимот на Големо Конари со 5-1. Тетекс со тесна победа од 3-2 беше подобар од Детонит Плачковица, додека Брегалница го доби Вардар Неготино на гостински терен со 0-2.

Колото ќе биде комплетирано утре со дербито меѓу Беласица и Охрид, дуел на два поранешни прволигаши кој ветува вистинска фудбалска драма, под рефлектори од 19:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет