
По неколку месечна неизвесност и во потрага по нов клуб конечно голманот на актуелниот шампионски тим на Вардар, Филип Гачевски си пронајде нов клуб. Неодамна во телефонски разговор Гачевски најавуваше излет и настап на интернационалната сцена и на неговите квалитетни одбрани ќе се восхитуваат фудбалските фанатици на Кипар. Филип Гачевски потпиша договор за екипата на Енозис Паралимни во која ќе настапува заедно со уште еден поранешен вардарец, Хуан Фелипе.

Со заминувањето на Филип Гачевски си замина и последниот европски мохиканец со кој Вардар пред 3 години настапуваше во групната фаза на Лигата на Европа.Колку за потсетување Филип Гачевски од Словенија кариерата во Македонија ја продолжи во тимот на Брегалница од Штип каде што со своите успешни одбрани успеа да го сруши рекордот на Томе Пачовски и сеуште е актуелен рекордер кој ја сочувал својата мрежа со најдолга минутажа. Па нека му е со среќа интернационалната кариера на Кипар.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk