
Штотуку заврши финалето за штипјанецот Андреј Басаров на Европското Карате првенство што се одржува во Тампере, Финска. Во борба со азарбејџанецот Каримзада резултатот беше 0:0, но по судискотото убедување победата му беше доделена на Каримзада. Ова е одличен резултатиот за младиот Басаров кој најавува богата Карате кариера и ја продоилжува традицијата на успеси од големите меѓународни натпреварувања. Огромна е заслугата на тренерите Сашко и Жарко Арсовски кои макотрпно работеа и се подготвуваа за ова првенство. Инаку Андреј Басаров настапи во кат. + 70 кг а патот до сребрениот медал го истрасира по победите над Пергантс од Грција, Гулас од Романија и Дугладзе од Грузија не дозволувајќи ниту поен за неговите противници.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk