
Струмичкиот прволигаш Тиверија Брера за новата сезона го претстави второто летно засилувања, станува збор за Бразилката Тчеури Харуми Гоја, која во Тиверија Брера доаѓа од редовите на актуелниот шампион Љуботен од Тетово.
Тиверија Брера во новата сезона ќе атакува на шампионската титула и на излез во Европа, а за таа цел беше промовирана Гоја како второ засилување, а во следниот период се очекуваат и нови промоции.
30-годишната фудбалерка во својата кариера има настапувано за Сантош, Порто Вељо, Аудакс, Спартак Суботица и Денизли, а во Тиверија Брера ќе биде големо и квалитетно засилување за остварување на зацртанит цели на клубот.
Претходно како што информиравме струмичкиот прволигаш ја врати македонската репрезентативка Пале Николовска.
Александар Ванев, М-Нет