
Денес во Кочани се одржа локалниот совет за превенција од пожари на кои присуствуваа и претставници од ЈП „Водовод“ Кочани. Денес на советот се дискутираше за пожарот на градската депонија и чадењето. Истакнаа дека имаат поднесено четири пријави за потпалување и запалувањет. Граѓаните од Кочани постојано се соочуват со голем проблем бидејќи секојдневно дишат црн чад кој се шири над Кочани, па и пошироко од депонијата.
Истакнаа дека во моментот градската депонија во Кочани е ставена под контрола. Затоа што имаше поинтензивен пожар од чад, но екипите веднаш реагираа и беше санирано. Вондреден инспекциски надзор присуствуваше на местото од каде добиле решение. Овој момент десната страна од депонијата е целосно исчистена, а левата страна е предвидена во наредниот период на која ќе се изврши поправка и оградување на главната капија.
Инаку во изминатиот период во близина на село Бели кочанско се одржаа неколку протести од страна на револтираните граѓани.
Лаура Стојанова, М-Нет