
Продолжува неизвесната трка за опстанок во Првата македонска фудбалска лига на шест кола до крајот, покрај Шкупи кои веќе е испаднат во Втора лига, се бараат уште две екипи кои директно ќе се преселат во второлигашкото друштво за следната сезона.
Во таа трка најмногу се загрозени Македонија ЃП, Работнички и Пелистер, додека пак екипите на Брера Арсими и Башкими засега делуваат сигурни и меѓунив ќе биде борба за да се избегне осмата позиција, односно да се потврди директен опстанок.
„Лавовите“ од Ѓорче се најмногу загрозени, а ако следното коло загубат во Битола од Пелистер, тогаш веќе ќе бидат на добар пат да се вратат експресно во Втора лига, а тоа за Пелистер ќе значи важен чекор за опстанок.
Работнички го очекува исто така дуел против Арсими, меч од капитално значење и за двете екипи. „Романтичарите“ со триумф ќе продолжат да се борат за опстанок, а триумф за тимот од Чегране ќе значи и чекор напред кон директен опстанок.
Во однос на табелата покрај Шкупи кој е на дното со еден бод, Македонија ЃП е претпоследна со 24 бодови, а место погоре во зоната за директно испаѓање е Работнички со 25 бодови, додека пак Пелистер како деветти е во бараж зоната со 26 бодови.
Брера која викендот ќе игра против Силекс во Кратово е во бараж зоната како осма со 33 бодови, Арсими е седми со 35 бодови, а Башкими е шести со 37 бодови како шести.
Екипата на Тиквеш побегна на петтото место со 40 бодови, а Силекс кој е четврти со 49 бодови, ќе го напаѓа третото место на Струга која има 56 бодови.
Во горниот дел останува борбата на Шкендија која е втора со 64 бодови и лидерот Вардар кој има 65 бодови во трката за титулата.
Во трката за опстанок секако дека ќе има влијание и распоредот, бидејќи пред некои од екипите има тежок распоред, каде ќе очекува мечеви на кои ќе биде тешко да се освојат бодови и тоа дополнително ја комплицира работата, а сигурно е дека последното коло може да биде пресудно за многу работи.
Александар Ванев, М-Нет