
Битолскиот второлигаш Пелистер ги прави тактичките и техничките подготовки на стадионот „Петар Милошевски“ додека екипите на КЈП „Нискоградба“ и ЈП „Комуналец“ го средуваат просторот околу теренот за непречено да се пречекаат навивачите на првиот првенствен натпревар пролетната полусезона веќе в сабота со почеток од 14:00 часот.
Влезници за натпреварот можете да купите во предпродажба во „Brothers Тобако“ на широк сокак и во „ДИМПО Тобако“ во горниот пазар додека на денот на одржување на натпреварот ќе се продаваат и на билетарницата на новата трибина еден час пред натпреварот. Влезниците за натпреварот против Кожув ќе се продаваат по цена од 100 денари, додека во продажба има и сезонски влезници за осум натпревари што се играат на домашен терен по цена од 500 денари.

