
По одиграни две кола во плеј-офот на ракометната Супер лига една работа е речиси сигурна – Вардар оди кон освојување на шампионската титула, откако славеше над актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во Битола и со тоа направи плус шест бодови предност. Сега „вардарци“ се први со 46 бодови, а пак „пелистерци“ се втори со шест помалку.
Охрид го стигна тимот од Битола односно се израмни со Еурофарм Пелистер со по 40 бодови за делба на второто место, а пак Алкалоид е трет со 36 бодови. На петтото место е Тиквеш со 24 бодови, а на последното место е Бутел со 22 бодови.
Во однос на плеј-аутот нема големи промени. Прилеп е прв со 24 бодови, а втор е Еурофарм Пелистер 2 со 23 бодови, додека пак Пролет е сигурен на третото место со 17 бодови.
Борбата за опстанок ја водат Куманово кој е четврти во плеј-аутот со девет бодови, Струга е претпоследна со седум бодови, а на дното е Радовиш и натаму како единствен тим без бодови.
Една работа е сигурна Радовиш е веќе спакуван за испаѓање во Прва лига за следната сезона.
Александар Ванев, М-Нет