
Втор ден симпозиум посветен на ретките болести, кои што го организираат студентските организации при УГД Штип. Вчерашниот ден бепе посветен на новороденечкиот скрининг, додека денешниот ден за бубрежната болест поточо алпортов синдром, кој го зафака и слухот и видот. Професорот по медицинска генетика при УГД Штип Тодор Арсов вели дека целта на овој дводневен симпозиум е да се подигне свеста за ретките болести.
„Денес е вториот од двата дена симпозиум посветен на ретките болести, кои што организираат нашите студентски организации. Целта на овој дводневен симпоузиум е да ја подигнеме свеста помеѓу студентите, но еве и пошироко за ретките болести. Вчерашниот ден беше посветен на новороденечкиот скрининг, за препознавање на некои од овие ретки болести. Денешниот ден е посветен на една бубрежна болест алпатров синдром, кој го зафака и слухот и видот.“, вели Арсов
Целта на овој симпозиум воглавно е студентите да се запознаат со предизвиците и со дијагнозите и патот по кој минуваат луѓето со ретки болеси.
Денот на ретките боелсти го одбележаа и останатите професори воедно и доктори од државата, кој за М-Нет велат дека ваквите пациенти со ретки болести имаат големи предизвици за дијагностицирање и терапија, со што на лекарите обврската им е да ја обезбедат најрано истата.
Инаку, ваквата иницијатива од страна на студентите беше топло поздравена од страна на професорите, бидејќи како што и самите тие велат тоа се нивните идни колеги со што целта е што повеќе доктори во иднина бидат вклучени и запознаени со ваквите болести.
Иван Митев, М-Нет