Втор ден вработените во Македонски пошти Штип на протест

Вработените во Македонски пошти подружница Штип и денеска својот револт го изразија преку мирен протест. Втор ден собрани пред претпријатието бараат исплата на својата плата за која как што велат работеле цел месец. Според нив работните обврски и задачи се навремено завршени што значи треба навремено да се земе и плата. Додаваат дека протестот ќе продолжи се додека не се остваарт нивните барања.

„Протестот ќе продолжи се додека не се исполнат нашите барања и да се пушти плата на сите нас, протестите ќе продолжат се до остварување на нашите барања. Значи опрема за поштарите, основни работни средства за шалтерите.“ – кажа Арсов.

Доколку нивните барања не се најдат на дневен ред кај надлежните и не се реагира веднаш тогаш протестите ќе се радикализираат, уверуваат вработените.

„Доколку нема резултати од мирниот протест и доколку не се пушти плата протестите ќе продолжат. Исто доколку не се остварат нашите барања што ги бараме ние вработените може ова да прерасне и во штрајк“ – додава Арсов.

Врбаотените во македонски пошти неколкупати до сега протестираат за остварување на своите прва, пред се редовна испалата на заработената плата. Според нив во период на тешка економска криза секој денар е важен и секоја минута за да се земе плата.

Лаура Стојанова М-Нет