
Дубаи во Штип веќе не постои, средишниот дел на булеварот Партизанска преуреден. Нови цветни насади дел од расадникот на ЈП Исар, дел донација од одговорни компании доби средишниот на булеварот Партизанска во Штп. Директорот на ЈП Исар, Трајче Здрваков вели дека со ова градот добива нов урбан лик.
„Како што најавивме претходно денеска сме на булеварот Партизанска и каде што вршиме хортикултурно уредување на самиот булевар, садење на дрвца и садинци. Претходно го уредивме и булеварот Гоце Делчев каде ќе продолжиме и понатаму со уредување. Оваа есен сите паркови и булевари ќе и дадеме еден нов свеж и урбан изглед така да граѓаните на Општина Штип да имаат една пријатна есенска слика.“ – кажа Здравков.
На булеварот Гоце Делчев чемпресите се отстранети бидејќи се стари по 30 години вели Здравквов. Затоа сега се засадени нови дрва кои нема да го попречуваат сообраќајот и ќе го разубават градот.

„Имавме чемпрес стар по 30 години кој го нарушуваше изгледот на булеварот и прегледноста на сообраќајот. Го отстранивме целиот бидејќи изгледот беше лош, истите беа исушени, таму насадивме едни прекрасни дрва коинапролет ќе имаат прекрасни крошни и по крајот на булеварот исто така ќе насадиме и наши сопствени садници кои ќе дадат една целосна слика на булеварот Гоце Делчев“ – додаде Здравков.
Освен хортикултурното уредување, булеварите добија и нови тротоарни површини со што градт добива современ поинаков лик.
Украсните камење кои претходно беа на средишниот дел на булеварот Партизанска сега се во расадникот на ЈП Исар и ако има потреба ќе се наменат на некое друго место. Здравков истакна дека во близина на градскиот стадион не требало просторот да се уредува со камења.
Лаура Стојанова М-Нет