Втор ден алармантна ситуацијата кај пехчевско, се гаси од копно и воздух

Активен е пожарот на плаината Буковиќ , на терен се делува од воздух и копно. На терен делуваат околу 150- 200 доброволци, а критичните точки се стишени. Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански посочи дека состојбата е алармантна затоа што гори високостеблеста борова шума на бел и црн бор. Посочи дека моментално нема опасност за пожарот да се прошири кон населените места, кон Пехлево и село Негрево, бидејќи пожарот се шири кон планината и се движи кон границата со Бугарија.

“По два три дена борба на терен, пожарот сеуште е активен на планината Буковиќ. Од наутро од четири часот и триесет минути се делува на терен. Наутро времето е поладно, притисокот на воздухот е поголем, така да огинот е стишен, мала е можноста да се делува на него за да се изгаси. Околу 150-200 луѓе делуваат на терен, но имам информации дека кртитичните точки од сношти денес се стишени, но пожарот сеуште не е под контрола и се шири бидејќи гори високостеблеста борова шума на бел и црн бор.”, додава Китански

На терен се делува од копно и воздух, делуваат три трактори два од Кипар и еден наш, а во раните утрински часови од воздух делуваа два хеликоптери словенечки.Помош има од ТПЕ од Берово Делчево,Виница, Кочани и Кавадарци, но и доброволните друштва од истите градови, подружниците на македонски шуми, доброволци, дирекција за заштита и спасување, ЦУК, Единица за Брзо Распоредување припадници од АРМ. Градоначалникот посочи дека координирано се делува се со цел да се има увид на граѓаните кои се вклучени во гаснењето на пожарот, затоа што пожарот може да се изгаси на повеќе места ако се делува кординирано, а доброволно се губи контрола. Пред неколку дена теренско возило специјализрано за шумски пожари изгоре на терен делувајќи во гаснењето на пожарот. За среќа четири лчена од ДПД се спасиле без повреди од самата непријатна ситуација, бидејќи пожарот е непредвидлив.

“Да ние бевме тим од четири лица со теренско возило специјализирано за шумски пожари. Во неделата излеговме на теренот каде што започна повторно пожарот, но за кратко време со силен ветер, огинот не заобиколи од сите страни. За среќа успеавме ние неповредени да излеземе, но возилото за жал изгоре целото и не можевме да го спасиме.”, истакна Китански

ДПД од Пехчево моментално брои 26 членовиод кои сите се активни постојано во делување и справување со огнената стихија. Пехчево нема ТПЕ, целиот терет е на ДПД.

Лаура Стојанова, М-Нет