Борачите на БК Олимпија на подготовки во Дојран за Балканското првенство

Борачите и борачките на БК Олимпија од Штип во моментот се на подготовки во Дојран за Балканското првенство кое ќе се одржи во Македонија во период од 25. август до 30. август. Вкупно 26 борачи се подготвуваат за есенската полусезона.

Борачите на штипскиот борачки клуб Олимпија во Дојран ќе ја подигаат формата со цел да имаат успешен настап на Балканското првенство. Денес е втор ден од подготовките на штипската екипа, а на подготовките во Дојран се присутни и Олга Попова од Бугарија која има златен и брозен медал од Европско првенство и Мелда Дермекџи од Турција која има две европски одличија од Европските првенства и се во категоријата на големата надеж на борењето, штипјанката Андреа Нисева.

Во Дојран исто така се и Стефи Лазаров и балканскиот шампион Виктор Кармалак, Молдавец од екипата на ЦСКА Софија, а тука се и тренерите Васил Татарлиев и Муса Дермекџи.

Александар Ванев, М-Нет