
Новиот второлигаш Шкендија од Арачиново претстави квалитетни засилување, станува збор за искусниот Бурхан Алији, кој доаѓа од редовите на прволигашот Башкими од Куманово.
Тимот кој сега го предводи тренерот Љупчо Марковски – Калц, добива квалитетно засилување во средниот ред. 35-годишниот Алији во својата кариера има настапувано за Милано Куманово, Башкими, Тетекс, Шкендија, Дрита Боговиње, Гостивар, Еуромилк ГЛ, Охрид и Силекс во македонскиот шампионат, додека пак во Косово настапуваше за Лириа и Велазними.
Неговото големо искуство, како домашно така и меѓународно значително ќе го зголеми квалитетот во тимот од Арачиново, кој по долги години се врати во Втората лига.
Екипата на Шкендија Арачиново со нов тренер и неколку нови и квалитетни засилувања ќе атакува на висок пласман во Втората лига, која започнува на 23 август.
Во рамки на првото коло екипата на Шкендија Арачиново ќе се соочи со Преспа, ова ќе биде дуел на два лански третолигаши кои беа шампиони во своите региони, екипата од Арачиново во Трета лига – Север, а екипата од Ресен во Трета лига – Југозапад.
Александар Ванев, М-Нет