
Активноста на второлигашите на трансфер пазарот продолжува, а нови засилување има кај Детонит Плачковица и Осогово.
Радовишани се засилија со Зоран Андонов и Асан Рифадов. 26-годишниот Андонов доаѓа од прволигашот Силекс, а за него ова ќе биде враќање во Детонит Плачковица бидејќи и во минатото го носеше дресот на овој тим. Низ неговата кариера левиот бек беше дел и од Брегалница, Брера Струмциа, Кит Го од Пехчево и Белaсица.
22-годишниот Рифадов е дефанзивен играч од средниот ред, кој може да игра и како лев бек, а доаѓа од екс прволигашот Шкупи, а во неговата кариера настапуваше и за Брера Струмица, Каменица Саса, Слога Виница и Гостивар. Претходно, радовишани се засилија со Махир Ајрули, Марио Аџиев, Филип Димоски и Бранимир Иванов, а во тимот се приклучени и неколку млади играчи.
„Жетварите“ од Кочани се засилија со Амир Фејзулаи, кој доаѓа од ланскиот второлигаш Преспа од Ресен, станува збор за 23-годишен фудбалер кој игра како десен бек, а може да ротира и да игра како лев бек и десно крило. Во неговата кариера настапуваше и за Брегалница, Победа, Детонит Плачковица и Пелистер од каде и ја започна кариерата.
Александар Ванев, М-Нет