Второлигашите овој викенд ги играат „генералките“ како последен тест пред почетокот на пролетната полусезона

Овој викенд е резервиран за одигрување на „генералките“ како последен тест пред почетокот на пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

Второлигашите ќе имаат последна проверка на формата пред стартот на пролетниот дел кој е закажан за следниот викенд (21 февруари).

Утре во Валандово ќе се одигра пријателски натпревар меѓу Кожуф и Детонит Плачковица, Охрид пак ќе игра против Новаци, на „Цвај арената“ во Неготино ќе се одигра „генералката“ меѓу второлигашите Вардар и штипска Брегалница. Шкендија Арачиново закажа последен тест за утре против Тетекс.

За недела е закажан конторлниот натпревар меѓу Каменица Саса и третолигашот Борец, кој ќе се одигра во Велес.

Пролетниот дел во Втора лига носи многу неизвесности и околу опстанокот, но и околу борбата за влез во Прва лига, а пролетните предизвици ќе започнат со натпреварите од 16 коло.

Александар Ванев, М-Нет