Брегалница го комплетираше ростерот, штипските „сините“ имаат квалитет за Прва лига!

Второлигашот Брегалница од Штип го затвори зимскиот преоден рок, ростерот е комплетиран, „сините“ на Влатко Костов ќе целат кон влез во Првата македонска фудбалска лига.

Брегалница имаше неколку засилувања во зимскиот преоден рок, нови имиња во штипскиот тим се Албан Мемеди, Никола Талески, Костадин Капсаров, Јорданчо Наумоски и Бојан Рајков.

Од тимот оваа зима заминаа Хусеин Демири, Дарко Алексовски – Пеле и Еди Маднак, а сите останати играчи остануваат од есенскиот дел.

Брегалница досега одигра и неколку пријателски натпревари низ кој стратегот Влатко Костов имаше можност да виде како оди подигањето на формата. Брегалница со 2:1 беше подобра од третолигашот Еуромилк ГЛ, со 5:1 „сините“ беа подобри од третолигашот Победа Валандово, двапати беа пдообри во пријателските натпревари со Каменица Саса со идентични 3:0, а „генералката“ ќе биде против Вардар Неготино во гости.

Пролетниот дел Брегалница го отвара против Кожуф во Гевгелија.

Александар Ванев, М-Нет