Втора лига следната сезона со прволигашка конкуренција – како ќе изгледа сезона 2026/2027

Следната сезона 2026/2027 Втората лига ќе има прволигашка конкуренција со поранешни шампиони на Македонија, со екипи кои го освојувале Купот на Македонија и екипи кои играле во европските квалификации.

Можеби најсилната конкуренција во Втора лига воопшто досега, што ќе биде вистинска борба за влез во елитата, но уште поголем предизвик ќе имаат екипите и за опстанок.

14 екипи ќе бидат дел од Втората лига, две помалку од сезоната која практично вчера со баражите заврши.

Од минатата сезона во Втора лига остануваат екипите на Осогово, Охрид, Беласица, Новаци, Детонит Плачковица, Кожуф и Тетекс кои изборија опстанок преку баражите, а пак нови второлигаши се третолигашите Камјани и Еуромилк ГЛ, од Прва лига се преселија Шкупи, Македонија ЃП, Работнички, Брера Струмица и Пелистер.

Во една ваква силна конкуренција дефинитивно борбата за остварување на целите на екипите ќе биде голема. Прволигашите кои испаднаа сигурно е дека ќе сакат експресно враќање назад, но би можел во таа трка а се вмеша и некој второлигаш, останатите екипи во борба за сигурен опстанок.

Силната конкуренција ќе направи притисок кон второлигашите да градат тимот со кои ќе целат кон остварување на целите, дефинитивно и поголеми буџети ќе бидат потребни во однос на ланската сезона, па со сигурно ќе следиме второлигашки фудбал со квалитетни дерби натпревари.

Новата сезона во Втората лига вообичаено започнува во 14 август.

Александар Ванев, М-Нет