
Втората македонска фудбалска лига во иднина да биде развојна со поголем акцент на младите фудбалери, односно да се зголеми бројот на фудбалери под 21 година, а да има и еден фудбалер под 19 години.
На овој начин да им се даде поголема можност на младите фудбалери кога ќе го загубат правото да играат за младинските категории, да продолжат во Втората лига.
„Ние би сакале да има такви деца од 16 – 17 години, но верувајте скаутираат и нема. Порано пред 15 – 20 години беше нормално во прва екипа да се бутне дете со 17 години како талент, сите овие големи фудбалски имиња почнале на 16 – 17 години, но сега нема. И клубовите се тешки во носењето на одлуки да дадат шанса на деца кои имаат 16 – 17 години, бркајќи некаков резултат. Ние размислуваме на наредниот Управен одбор да донесеме одлука Втората лига да ја направиме развојна да се зголеми бројот на играчи кои мора да играт до 21 година и дури да мора да има еден под 19 години. За да мора клубови да бараат од младите играчи да им се даде да продолжат после губењето право да играат за младинци. Не гледаме квалитет, ние сите заедно ги гледаме натпреварите“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Инаку, новата сезона од Втора лига ќе започне на 15 август со мечевите од првото коло.
Александар Ванев, М-Нет