Втора година по ред Општина Штип доделува бесплатна униформа за учениците од прво до петто одделение

Бесплатна униформа за учениците од прво до петто одделение денес добија сите основни училушта во Општина Штип. Проектот се спроведува втора година по ред од страна на општината, а основната цел на истиот е да се намалат социјалните разлики. Градоначалнликот Иван Јорданов вели дека тенеденцијата е веќе од оваа година да се направат финансиски анализи за можност да се реализира овој проект комплетно кај сите основци во сите училишта.

„Втора година по ред Општина Штип обезбедува бесплатни униформи за сите ученици од прво до петто одделение во сите основни училишта а територија на Општина Штип. Целта на овој проект, кој што втора година по ред е да се намалат социјалните разлики и да бидат помалку видливи помеѓу дечињата во основните училишта, а тенеденцијата е веќе оваа година да се направат финансиски анализи за можност да се реализира овој проект комплетно кај сите основци во сите училишта. Се надевам дека ова ќе биде една позитивна пракса со која што е крајната цел намалување на социјалните разлики. Во однос на сите детали за тоа како ќе бидат распределени овие униформи на учениците, денес сме во основното училиште Ванчо Прќе за да го проследиме овој чин, а по однос деталите на количините на униформи овде се од одделението за образование при Општина Штип.“, вели Јорданов

Финансиската конструкција за овој проект е околу пет милиони денари, вели Соња Николова, од одделението за образование при Општина Штип. Денеска во петте основни училишта на територија на Штип се поделија 2 111 унивформи.

Инаку, Општина Штип има издвоени пет милиони денари за униформи, но се потрошени 2,5 милиони деанри. Се прават напори во периодот кој следи да се опфатат сите основци со што ќе се работи на кодексот на облекување и однесување во училиштата. Засега не се опфатени средните училишта.

Лаура Стојанова М-Нет