
Врнежи од дожд и проблем кој се провлекува со години за граѓаните од населба Железничка. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и оние кој работат овде мака мачат за да ја поминат улицата секогаш кога ќе заврне дожд. Позади објективот на нашата камера велат ако врнежите се пообилни тогаш нивниот проблем е уште поголем. Водата се собира на улицата, во голема количина, и е сериозен проблем кој не се решил го години.
И денеска вода на улицата имаше, а со ваквата ситуација се запознаени и надлежните од ЈП „Стипион“. Директорот, Панче Стефановски, во телефонски разговор за М-Нет Телевизија потенцираше дека проблемот ќе се актуелизира за да дојде до негово решение.
„Инженерот е запознаен со оваа ситуација на терен. Според него, треба приоритетно да направиме нова линија за водата оти вака нема каде да ја насочиме. Јас ќе го актуелизирам прашањето, ако добиеме позитивен одговор ќе работиме на решението. Инаку, досега честопати сме на терен и наши екипи реагираат колку е возможно“ – вели Стефановски.
Граѓаните очекуваат проблемот конечно да се надмине и да се стави крај на истиот. Велат дека едвај поминуваат со автомобил, а пеш уште потешко. При помали врнежи насобраната вода е помала, но при пообилни врнежи се создава таканаречено цело езеро.
Лаура Стојанова М-Нет