Хадис Велии останува на голот на Воска Спорт, новиот прволигаш се раздели со осум фудбалери

Новиот прволигаш Воска Спорт продолжува со градењето на тимот за следната сезона, откако клубот го договори потписот на искусниот чувар на мрежата Хадис Велии.

33-годишникот претходните шест месеци ги помина во дресот на Воска Спорт, а двете страни сега ја продолжуваат соработката за следните две сезони.

Велии во Воска Спорт дојде од Беса, а претходно има настапувано за Ренова, Гостивар, Велазерими и Шкендија.

Во меѓувреме Воска Спорт се раздели со осум играчи. Во следната сезона дресот на Воска Спорт нема да го носат Ајрадин Цуцули, Илбер Бекири, Оливер Христов, Бесарт Реџепи, Ујкан Муча, Енсар Љума и Фитон Адеми, како и голманот Валон Незири.

Како што веќе објави телевизија М Нет, нов тренер на Воска Спорт е црногорскиот стратег Миљан Радовиќ, кој доаѓа на местото на Берат Имери, тренер кој обезбеди историски влез на Воска Спорт во Прва лига.