
Време е за фудбалски спектакл во Куманово, од утре започнува големиот меѓународен турнир на кој ќе настапат звучни имиња од Европа.
Во Куманово доаѓаат гиганти како Црвена Ѕвезда од Србија, гигантот Депортиво Ла Коруња од Шпанија, Бершот од Белгија, ЦСКА Софија од Бугарија, Бриње Гросупље од Словенија, екипата на Малта од Малта, како и Сарајево од Босна и Херцеговина.
Организатор и домаќин на овој турнир е Куманово Еуроспорт, а главна причина за овој голем фудбалски спектакл е јубилеј 20 години од основањето на клубот.
Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да ги проследат сите натпревари во ЖИВО преку директни преноси, а со тоа и оние кои живеат во странство ќе може да уживаат во фудбалската магија на младите фудбалери, бидејќи покрај на телевизија М Нет, преносите ќе се емитуваат и на фејсбук страниците на телевизија М Нет, како и спортскиот канал М Нет Спорт, на YouTube каналот на телевизија М Нет, а телевизија М Нет е достапна и преку IPTV.
На турнирот ќе има по 8 екипи распределени во 2 групи. Натпреварите ќе траат 40 минути односно две полувремиња по 20 минути, со 5 минути полувреме. По завршување на групната фаза, првите две екипи продолжуваат во нокаут фазата и обезбедуваат пласман во полуфиналето (по принцип првиот од едната група ќе вкрсти со вториот од другата група) додека екипите што ќе завршат на 3 и 4 место во групата ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место – што обезбедува минимум 4 натпревари за секоја екипа на турнирот.
Натпреварите ќе се играат во формат 6+1. Димензии на теренот се 50 на 30 метри, големина на голови 5 метри, се игра на природна трева, големина на топка 5.
Овој меѓународен турнир ќе биде медиумски поддржан од телевизија М Нет, односно сите натпревари од турнирот ќе може да ги следите во живо на телевизија М Нет, како и на фејсбук страниците на телевизија М Нет и YouTube каналот на телевизија М Нет.
Александар Ванев, М-Нет