
Викендот се играат натпреварите од второто коло од Детската лига – Југозападен регион.
Во сабота ќе бидат одиграни пет натпревари на теренот на ФК Караорман во Струга. Еден натпревар од генерација 2011, еден од генерација 2012, два меча од генерација 2013 и еден од 2015-та.
Во сабота, исто така, на теренот со вештачка трева во Кичево ќе се одиграат 13 натпревари, од кои два во генерација 2011, три во 2012-та, два во 2013-та, три меча во генерација 2014, два во 2015-та и еден меч во генерација 2016.
Во сабота, исто така, фудбалска магија ќе гледаме и на терен со вештачка трева во Охрид, каде ќе бидат одиграни повеќе натпревари. Во генерација 2011 еден, како и во генерација 2012, во генерација 2013 ќе се одиграат два меча, како и во генерација 2014. Во генерација 2015 ќе се одигра еден меч, а во генерација 2016 ќе се одиграа три меча.
Во недела на теренот со вештачка трева во Охрид ќе се одиграат повеќе натпревари. По еден меч во генерациите 2011, 2013 и 2016, по два меча во генерациите 2012 и 2014, а пак во генерација 2015 ќе се одиграат три меча.
Александар Ванев, М-Нет