Вработен во МИК Св. Николе тврди дека се принудени да протестираат, од фирмата демантираат

Дел од вработените во МИК Свети Николе велат дека принудени се да излезат на протест за увоз на бесцаринско месо. Ова произвлегува откако техничкиот директор им наложил така, бидејќи други алтернативи немало. Драган Петрушев кој тврди дека е вработен во фирмата во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека протестот сѐ уште не е закажан, но се подготвувале надлежните и правеле притисок врз вработените да излезат и да протестираат.

Од управата на фирмата истакнаа дека ваквата информација е лажна.

„Кај нас нема споменато такво нешто. Одговорно тврдиме дека такво нешто воопшто нема, директорот не е овде, на одмор е и никој не ги тера вработените да излезат на протест“ – кажааа од управата на фирмата.

Лаура Стојанова М-Нет