
Викендов на ул.„Косовска“ во Штип, додека полициски службеници обезбедувале патничко возило натоварено со огревни дрва, кое претходно било запрено, поголема група на граѓани им упатувале закани, почнале да ги растовараат дрвата од возилото, дел од нив го стартувале возилото и побегнале, а останатите со физичка сила и закани ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените дејствија. Се работи на комплетирање на случајот по што против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.