Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април, казната ја издржуваше во штипскиот затвор


–Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април.Тој издржуваше казна затвор во Затворот во Штип, а починал во здравствена установа во Скопје. Директорот на штипскиот затвор, Дејан Здравков, вели дека во моментов не може да споделува повеќе информации, бидејќи очекуваат насоки од Основното јавно обвинителство. Инаку Ѓорѓиевски е еден од осудените за 27 април, а беше осуден на казна затвор од 13 години. На социјалните мрежи се споделува информацијата за смртта на Ѓорѓиевски.