
Во три наврати само во месец јануари се заловуваа кучиња скитници на територија на Општина Штип, последниот пат заловени се седум улични кучиња. Но, проблемот не се решава овде, бидејќи секојдневно се забележува зголемен број на кучиња кои преставуваат страв за граѓаните. Како што велат тие сведоци се на несовесни сопственици кои ги оставаат нивите домашни миленици па тие стануваат кучиња скитници. Од Општина Штип апелираат граѓаните да бидат одговорни и грижливи кон своите домашни миленици.
„Знаете Општина Штип има оператор од Куманово кој ги заловува кучињата скитници, доаѓа и ги заловува кучињата исто така и по пријави на граѓани. Апел до граѓаните да не ги оставаат своите домашни кучиња, да бидат грижливи и да се грижат за нив, а не да ги оставаат на улица. До сега, во месец јануари три пати има заловувано кучиња од Куманово, последниот пат се заловија некаде околу седум кучиња„ – вели Везенков.
Граѓаните може да пријавуваат доколку во нивното место на живеење има кучиња скитници. Но, откако истите ќе бидат заловени од ветернираната станица Куманово и соодветно третирани повторно се враќаат назад. Везенков вели дека единствен спас е измена на Законот, со цел сопствениците на домашни миленици кои ги оставаат на улица да бидат казнети.
„Граѓаните постојано пријавуваат, ама апелот е да не се оставаат домашни кучиња на улица. Едно од решенијата кое може да биде во иднина е со промена на Законот на благосостојба на животните каде сопствениците на кучиња ќе може да бидат казнети доколку бидат фатени нивните кучиња на улица.“ – додаава Везенков.
Граѓаните на терен во Штип согласни дека треба да се казнува, бидејќи во спротивно се зголемува бројот на кучиња скитници, а со тоа се намалува безбедноста на терен.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет