Победа поради финансиски проблеми нема да продолжи во Втора лига?

Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп поради финансиски проблеми, нема да може да го продолжи натпреварувањето во Втората лига?

Со вакви околности второлигашкото друштво ќе остане со една екипа помалку и во секое коло ќе има по една слободна екипа.

Како што е наведено во соопштението на припепскиот второлигаш, клубот е со блокирана сметка и во крајно очајна финансиска ситуација, поради што сениорската екипа не е во можностда продолжи со натпреварување во Втората македонска фудбалска лига.

Прилепската фудбалска гордост изминатите години мака мачеше со финансии и секоја години се бореше за опстанок, а сега клубот се соочува со уште еден предизвик што во иднина со ФК Победа?

Александар Ванев, М-Нет