
Се предвидува првремено затворање на сообраќајот во централното градско подрачје на улицата „Ванчо Прќе“ во Штип. Планирано е затворањето да трае еден месец. А истата ќе биде во употреба како пешачка патека. Целта е да се забележат ефектите од уредувањето на истата.
„Промена на собраќајното движење, односо затварање на улицата „Ванчо Прќе“ за да имаат можност граѓаните пробно неколку недели , месец дена да се одвива со изменет сообраќаен режим, сообраќајот во централното градско подрачје односно исклучиво да се користи улицата „Ванчо Прќе“ за пешачка зона за да практилно го видиме и го забележиме ефектот од она што е планирано со проектот за поплочување и за уредување на единствената пешачка зона во нашиот град. “ изјави Јорданов
Во тек е асфалтирањето на втората катна гаража во Штип . За неа е предвидено да биде на две нивоа каде ќе има слободен паркинг капацитет за 25 возила . Во едно се подготвува асфалтирање на кружнио тек „Дујле“ и се работи на кружниот тек „Кртеќе“
„На мини катна гаража односно асфалтирање на втората катна гаража каде што се нанесува асфалтот апаралелно деновиве ќе се поставува конструкцијата за второто ниво. Во овој момент се одвиваат и други активности се пипрема и асфалтирање на паркинг површина веднаш кај кржниот тек „Дујле“ веднаш до противпожарната единица. Паралелно се работи на кружниот тек „Кртеќе“ ова се активности кои што се одвиваат овие неколку денови и кои што се предвидени согласно програмата за уредубање на градежно земјиште. Конкретно за оваа површина која што се работи е предвидено веќе во наредните 10 дена да биде завршена и да се овозможи паркирање за 25 позиции и за 25 возила на две нивоа,
Во иднина најави дека треба да се реализираат уште неколку проекти на неколку локации на општина Штип, со што ќе се овозоши таа да добие нов, модерен и урбан лик.
Лаура Стојанова, М-Нет