
Започна Меѓунардониот фестивал на млади музичари од натпреварувачки карактер на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип. Денеска е вториот ден од натпреварот, кој се реализира во просториите на Дом на млади. Млади, талентирани вокали, музика, задоволна публика и комисија за оценување, беше денешната слика.
„Втор ден на Меѓународниот натпревар на „Сергеј Михајлов“. Се одржуваат два натпревари во две дисциплини, поп и џез музика, а другата дисциплина се теоретските предмети кои се одржуваат во нашето училиште. Имаме доста многу натпреварувачи, имаме над 10 земји и над 600 натпреварувачи на целиот фестивал. “ – вели Стевановски.
Натпреварот ќе трае до 17 мај (среда), кога и ќе се бира Гранд при на Фестивалот. Утре и в недела учесниците имаат пауза, а од понеделник продолжуваат натпреварувањата со жичени инструменти.
„Целиот овој натпревар ќе заврши во среда 17 мај, каде ќе заврши со завршен концерт и ќе се бира Гранд при на фестивалот и ќе се одржи во салата на Безистен.“ – додава Стевановски.
Ова е четврта година по ред во која се одржува ваквиот Меѓународен фестивал на млади музичари. Годинава се одржува комбинирано, и „онлајн“ и со физичко присуство, а за најдобрите ќе одлучува Комисија составена од реномирани професори од земјава и странство, меѓу кои најмал број се од Музичкото училиште.
Лаура Стојанова М-Нет